Ви откриваме „пикантерии“ за мистеризниот милионер со кој ќе се омажи ќерката на Цеца

Кој е всушност Ѓорѓе Куљиќ?

Веста дека младата пејачка Анастасија Ражнатовиќ (22) и нејзиниот избраник Ѓорѓе Куљиќ (31) се осмелиле да направат голем чекор во својата врска одекна во медиумите и јавноста, а се однесува на одлуката заедничкиот живот да го продолжат од Нови Сад во Белград.

Имено, во српската престолнина вљубените гулапчиња купиле скапоцен стан во близина на Калемегдан.

Текстот продолжува по огласот…

Младиот бизнисмен Ѓорѓе Кулиќ доаѓа од угледно новосадско семејство, татко му е исто така бизнисмен, а една од работите со кои се занимава Ѓорѓе е фирма за транспорт со камиони во Америка. За тоа поднебје го врзува образованието, имено, се школувал во Њујорк и во тоа време живеел со ќерката на Драган Стојковиќ Пикси, Ања Валенте, која изјави дека и денес се во пријателски односи.

Ѓорѓе е склон кон екстравагантни навики, луксузен живот и далечни патувања. Голем хедонист е, во што многу си одговара со сегашната избраничка. Љубовта меу него и ќерката на Цеца Ражнатовиќ се јавила на прв поглед, а многу брзо ја освоил и популарната пејачка, која го смета за идеален зет. За свадба се’ уште не зборуваат, иако новата преселба сугерира дека се творени за нови заеднички животни подвизи.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.