Весна Змијанац откри поради што останала без станот

Кафеаната е виновна

Фолк-пејачката Весна Змијанац, без влакна на јазикот, се потсети на своите најславни денови и на тоа како го користела статусот на ѕвезда.

Како што самата откри, многу заработувала, но и многу трошела.

Во времето на државата, која се протегаше од Триглав до Гевгелија, работев 100 дена во годината. Пеев двапати на ден, имаше многу пари, се работеше секој ден. Требаше да имам многу повеќе пари денес“, раскажува Весна за српски „Курир“, откривајќи и каде ги потрошила своите пари.

На животот. Трошев, и денес трошам сè што ќе заработам. Буквално на сè! Погледни ја само мојата гардероба, а немав костимограф, ниту, пак, земав и враќав, како што прават денес. Јас одам и купувам. Не растев во изобилство и немав сè што ќе посакав. Бев жедна за сè! Ги исполнував сите мсвои желби, од автомобил до куќа, па правев секакви грешки. Не се коцкав, имав друг проблем. Бев боем и умеев да оставам многу пари во кафеана“, искрена беше Весна, објаснувајќи дека за една ноќ во кафеана трошела еднособен стан, а секогаш била галанта и кон музичарите.

Фото: ATA Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.