Весна Бејби до Жаре: „Не знам како те издржаа 10 сезони, па уште 11 ќе снимаш!“

Актерката во свој стил ја најави новата сезона од „Еден на еден“

Уживајќи во одморот по напорниот работен ден, актерката Весна Бејби Петрушевска слушна вести што многу ја изненадија. Нејзиниот пријател Жарко Димитриоски-Жаре подготвува нова сезона на емисијата 1на1. Ова беше повод Весна да го направи своето прво видео и селфи од тоалет.

Жаре ќе снимал 11 сезона. Боже господе, јас не знам како те издржаа 10 сезони, и како можеш 11 да снимаш? Ја користам приликата да ја поздравам 11 сезона од тоалет, затоа што во животот не сум имала ниту едно селфи од тоалет“, вели Весна Бејби во видеото.

11 сезона на популарното шоу почнува на 27 октомври, од 18.30 на Канал 5 телевизија, со Перо Антиќ и Тодор Гечевски како први гости.

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.