Вељко покажа што му подарила Анастасија: Идниот татко ги воодушеви обожавателите (ФОТО)

Па да почнеме...

На 24 ноември годинава, наследникот на Цеца Ражнатовиќ, младиот боксер Вељко Ражнатовиќ се венча со својата избраница Богдана Родиќ, а претходно сите се израдуваа на веста дека напролет младите сопружници ќе станат и родители.

По свадбата на деценијата, како што ја нарекоа голем број медиуми, во домот на популарната пејачка почнаа подготовките за приновата во семејството.

Како што пренесуваат српските медиуми, првенецот на Цеца добил подарок што ги воодушевил сите.

Вељко се пофали на Инстаграм со маицата, која, според описот, ја добил од сестра си Анастасија Ражнатовиќ.

Ова момче е најдобриот иден татко на светот“, пишува на маицата на Вељко, на што тој се надоврза:

Па да почнеме. Ти благодарам, сестричке.“

На следната страница можете да ја видите споменатата маица:

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.