Вељко ќе се ожени во војничката униформа на Аркан, а за Богдана посебно изненадување од Цеца

Подготовки со полна пареа!

Вељко Ражнатовиќ и Богдана Родиќ за еден месец ќе стапнат на лудиот камен, па на големо ја подготвуваат свадбата, која ќе се одвива според старите обичаи. Како што открива извор близок до семејството Ражнатовиќ, младоженецот и сватовите ќе одат по невестата, откако ќе ја „купат“ ќе следува венчалната церемонија во храмот „Свети Сава“, а потоа и прославата во познат ресторан со минимум 500 гости.

Сите овие години Цеца ги чуваше Аркановиот костум и својата венчаница, бидејќи посебно врзана за нив, а Вељко го знае тоа. Кога изрази желба да ја облече војничката униформа на татка си, Цеца се воодушеви и се согласи со него. Тоа е неговата желба, иако, го нема пробано досега и не знае дали ќе му одговара големината“, раскажува изворот за „Курир.рс“, и додава:

Што се однесува до Богдана, Вељко не инсистира таа да ја носи венчаницата на Цеца. Но изгледа токму тоа ќе се случи, бидејќи идната свекрва сака да и го даде својот венчален фустан, а планира да и’ купи уште еден, кој ќе го носи во ресторанот.“

Според изворот, сите се возбудени поради свадбата, но пред се’ поради приновата што ја очекуваат идната година.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.