Вечерва Guns n Roses – Real Tribute, а во петок „Прљаво казалиште“ во Скопје
Не пропуштајте!
По фантастично добриот настап на Тони Цетински, оваа недела во скопскиот клуб PURE ќе може да се погледнат Guns n Roses – Real Tribute и Прљаво Казалиште.
Харизматичниот хрватски ас на поп-рок музиката – Тони Цетински, кој по 7 години пауза повторно се појави пред македонската публика и направи одлична атмосфера. Неговиот двочасовен настап беше будно проследен од фановите, а атмосферата кулминираше кога на сцената се појави едно момче од публиката и заедно ја изведоа култната „Лагала нас мала“.
Вечерва, Guns N Roses – Real Tribute по успешната турнеа на бендот во Бразил, Индија, Тунис, на Малта, и низ цела Европа ќе се претстават пред скопјани. Овој бенд ќе ве забавува со најголемите хитови на Guns n Roses и ќе ве пренесе во времето на легендарниот рокенрол период!
Фронтменот на бендот, Алекс, има еден од најубавите и најслични гласови на Аxл Росе, па ќе имате чувство дека ги слушате самите Guns n Roses!
Легендарните Прљаво казалиште со хитовите кои го одбележаа југословенскиот new wave: „Mi plešemo“, Crno-bijeli svijet“, „Sve je lako kad si mlad“, „Marina“ и десетици други песни кои ги знаат неколку генерации од овие простори во петок ќе ги забавуваат скопјани.
Четвртокот е хип-хоп ден со Boogiman, Mawrteen и Тони Зен, а саботите за диско-забава со Dj Branchez и Dj Bobi.
Не пропуштајте, PURE Night Club | ГРАДСКИ ПАРК СКОПЈЕ | 071 649 683
Коментарите се заклучени.