Вака изгледа помладата сестра на Џенифер Лопез: Заработува милиони, гради успешна кариера и е целосна спротивност на пејачката!
Погледнете
Тие се како небо и земја
Светски познатата латино-дива не е единствената во своето семејство која има успешна кариера.
Иако во медиумите често се зборува за приватниот живот на латино-дивата Џенифер Лопез, малку познат е фактот дека таа има помлада сестра. Линда Лопез има многу успешна кариера. Имено, таа е новинарка, но работи и како продуцентка на Еј-Би-Си каналот. Исто како и сестра ѝ, заработува милиони и ужива во луксузниот живот.
View this post on Instagram
Линда ѝ е најголема поддршка на славната сестра, барем така зборувала Џенифер за неа во една пригода, кога нагласила и дека ѝ се воодушевува бидејќи е самохрана мајка и успешна деловна жена истовремено.
„Многу ја сакам и почитувам. Секогаш ја прашувам дали ѝ треба нешто, а таа вели не“, рекла Џенифер во една пригода.
View this post on Instagram
Од друга страна, тие се како небо и земја. Што се однесува до физичкиот изглед, тие речиси и воопшто да не си личат.
Џенифер и Линда пред некој ден биле фотографирани пред еден ресторан каде што Линда го прославувала 50-от роденден. Тие за оваа пригода ги усогласиле стајлинзите и се појавиле облечени во исти тонови. Погледнете како изгледале…