Вака беше на „Златна бубамара на популарноста“…

Кога, каде, со кого...

Вчеравечер во Скопје се одржа забавната манифестација ,,Златна бубамара на популарноста“, која помина во знакот на бомбите поврзани со случајот „Рекет“, нашиот прием во НАТО, проблемот со издавањето пасоши и загадувањето.

Голем впечаток остави настапот  на домаќинот Сашко Коцев, кој го препеа хитот на легендарниот Тома Здравковиќ „Дотако сам дно живота“, со измени на текстот.

Како да те Кики моја, како да те Фрики моја… “, звучеше рефренот.

Инаку, на 23-та „Златна бубамара“ награди освоија:

Инклузивна танцова претстава – Пепелашка-Еурека

Најпопуларна детска ТВ емисија – Дајте музика

Песна за век и векови – На Велигден (Џина Папас Џокси)

Пејачка на годината – Тамара Тодевска

Хит на годината – Proud (Тамара Тодевска)

Спортски подвиг – Илина Арсова (7 врвови)

Најсатирична емисија – Фчерашни новости

Трајни музички вредности – Електрични оргазам

Театарска претстава – Мој термин (МНТ)

Актер на годината – Јордан Симонов

Актерка на годината – Тања Кочовска

Најпопуларна регионална пејачка – Јелена Розга

Животно дело во областа на музиката – Ангеле Димовски

Трајни музички вредности во етно музиката – Синтезис

Интернационална награда за животно дело – Раде Шербеџија

Концерт – Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ

Животно дело во областа на филмот – Столе Попов

Награда за прва труба – Џамбо Агушев

Најголем интернационален успех – Медена Земја

Амбасадори на македонската култура – Танец

Спортски успех – РК Вардар

Музички Продуцент – Мите Димовски

ТВ актерка – Јелена Јованова

Најпопуларна ТВ Проект – Преспав (ОХО)

Трајни музички вредности во рок музика – Ристо Вртев (Архангел)

Трајни музички вредности – Галија

Пејач на годината – Влатко Лозаноски

Моментот што ја одбележа годинешната „Златна бубамара“ е громогласниот неколкуминутен аплауз од публиката, која на нозе ја поздрави екипата на „Медена земја“ и протагонистите на документарниот филм.

На сцената се појави главната ѕвезда Атиџе Муратова заедно со неколку членови од нејзините соседи кои се појавуваат во документарецот.

Можеби не добивме Оскар, но го добивме македонскиот оскар“, рече Фејми Даут кога им беше врачена бубамарата за интернационален успех.

Влатко Стефановски и Раде Шербеџија ја разнежнија публиката со антологиската „Остала си увек иста“ на Мишо Ковач.

Спортската историја се повтори. Ракометниот клуб „Вардар“ минатата година повторно стана европски првак на јубилејното десетто издание на Лигата на шампионите.

Спортскиот успех на „Вардар“, онака како што го најавуваа при преносите од Лигата на шампионите, го најавуваат коментаторите на „Спорт арена“ Стеван Стевановиќ и Сретен Рашковиќ.

Додека ракометарите на „Вардар“ излегуваат на сцената, дуото „Некст тајм“ ја пее „Ја излези, Ѓурѓо“, целата сала е на нозе , по три минутен аплауз , на Вардарци им ја доделуваат златната буба мара за спортски успех на годината.

За оние кои што пропуштија, настанот ќе се емитува во недела на ТВ Канал 5.

Фото: FB Zlatna Bubamara Na Popularnosta

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.