Вака беше на роденденот на Цеца Ражнатовиќ (ФОТО)

Богдан ѝ го чуваше „грбот“

Цеца Ражнатовиќ вчера го прослави 48-от роденден во семејната вила на Дедиње, а на прославата присуствуваа и голем број познати личности.

Се чувствувам како да имам 28 години! Се радувам на новите настапи, се надевам дека ќе одржи се што е закажано во наредниот период“, рече Цеца пред камерите што ја пречекаа пред портата на нејзината вила.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by FAN (@anastasijar.support)

Меѓу првите кои пристигнаа беа модната креаторка и пријателка на Цеца, Маријана Матеус, и нејзината кума, пејачката Вики Миљковиќ сот сопругот Драгон Ташковиќ Ташке.

Ја испочитуваа и пријателите и колегите Ацо Пејовиќ, Дамир Хандановиќ, продуцентот на „Ѕвездите на Гранд“ Жика Јакшиќ, Вања Мијатовиќ, Саша Матиќ со сопругата, Филип Карајиновиќ со својата девојка…

Меѓу последните пристигна момчето на Цеца, Богдан Срејовиќ, во кежуал-издание и со торба за тренинг, а во вилата на Ражнатовиќ се пресоблече во фармерки и кошула.

Популарната пејачка избра бела торта на два ката со златни детали, украсена со црвени рози. На горниот дел стоеја свеќички со број 48, како и прскалки. Во моментот кога Ражнатовиќ ги дувна свеќите, нејзиниот сакан Богдан ѝ го чуваше грбот…

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.