Успешно одржано четврто издание на регионалната конференција за жени „Профемина 2019“ (ФОТО)

Се бараше столче плус!

Инспиративни приказни, позитивна атмосфера, убави луѓе, едукативни содржини и вредни подароци…

По разговорот со Весна Дедиќ, конференцијата продолжи со студијата на случај со наслов „Бенефитите од озонската терапија: убавина и здравје за целото тело“, во која д-р сци. Силвија Дума, дерматовенеролог зборуваше за придобивките од користењето на производите на Ozone Gold, а Антонија Локвенец го потврди нивниот ефект од лично искуство. (Повеќе за оваа студија на случај прочитајте ТУКА.)

Д-р сци. Силвија Дума, дерматовенеролог
Антонија Локвенец
Case Study – „Бенефитите од озонската терапија: убавина и здравје за целото тело“,

По завршувањето на студијата на случај, присутните беа поканети да се освежат за време на 15-минутната пауза со вода „Пелистерка“ и кафе или чај од „Франк“.

Refresh partner – Pelisterka

Coffee break with Franck

Следуваше панел-дискусијата со наслов „Да ги надминеме сопствените граници: Зошто е клучот во самомотивацијата“, поддржана од Herbalife. Улогата на модератор ја презема тв-водителката Билјана Дебарлиева, а учесници беа Наташа Мешковска, првак и шампион во пливање, Бојана Стојменовиќ, психолог, мотиватор и инфлуенсер, Кокан Ајановски, државен првак во маратонско трчање, Горан Николиќ, Herbalife Nutrition SEE Country Director и Кармен Михајлоска, независен член на Herbalife Nutrition од 1992г. и животен тренер. (Повеќе за оваа панел-дискусија прочитајте ТУКА).

Билјана Дебарлиева
Кармен Михајлоска
Бојана Стојменовиќ
Кокан Ајановски ја раскажа својата приказна
Наташа Мешковска ги сподели своите искуства
Своја порака испрати и Горан Николиќ

Втората панел-дискусија со наслов „Жената во спортот“, под покровителство на Sport Vision, ги раскажа инспиративните приказни на Елена Бубало, фитнес-инструкторка, Едина Муса, кошаркарка и фитнес-инструкторка, Снеже Велков, тв-лице и пилатес инструкторка и Билјана Миланова, интернационална фудбалска судијка. Дискусијата ја водеше Магдалена Спасовска од невладината организација ТАКТ. (Повеќе за оваа панел-дискусија прочитајте ТУКА).

Магдалена Спасовска
Снеже Велков
Елена Бубало
Едина Муса

Дани ДимитровскаВладимир Блажевм-р Снежана Апостолова, Сандра Кирков и д-р Васка Митова беа учесниците кои што ја отворија третата панел-дискусија по ред во рамки на „Профемина“ , а истата го носеше името „Ноќна птица или ранобудник: колку часа спиете!“. Покровител на оваа панел дискусија беше ЕУРОФАРМ,  а модератор водителката Елена Стојановска Јанковска. (Повеќе за оваа панел-дискусија прочитајте ТУКА).

Елена Стојановска Јанковска
Сандра Кирков
Владимир Блажев – Панчо
д-р Васка Митова
Дани Димитровска
Снежана Апостолова – психолог

„Што знаеме за имунитетот?“ Во сезона на вируси, настинки и грип „Профемина“ ја отвори ординацијата со д-р Сајковски и со помош на панелистите д-р сци Александар Сајковски, фармацевтката Елизабета Симонче и Вера Мештеровиќ пробаа да дадат одговори на прашањата поврзани со здравјето и начинот на кој што можеме да ја засилиме линијата на одбрана на организмот на децата и возрасните. Оваа панел дискусија беше поддржана од ЕSENSA, а модератор на истата беше Јована Стојменовиќ.  (Повеќе за оваа панел-дискусија продолжи ТУКА).

Панел 4: „Што знаеме за имунитетот“
д-р Александар Сајковски
Вера Мештеровиќ
Елизабета Симонче

„Женска азбука : Промените во календарот носат промени во килограмите, кожата, косата… Имаме ли стратегија да го надмудриме времето“, беше темата на петтиот панел поддржан од Vichy, во чии рамки учество земаа писателката Јелена Бачиќ Алимпиќ, пејачката Елена Петреска, д-р сци. Наташа Теовска Митревска, психологот Ивана Хаџиванова и Ивана Јанева Попов – претставник на „Vichy“, а модератор, пак, беше водителката Живкица Каленикова. (Повеќе за оваа панел-дискусија прочитајте ТУКА).

Панел 5 – „Женска азбука: Промените во календарот носат промени во килограмите, кожата, косата… Имаме ли стратегија да го надмудриме времето“
Живкица Каленикова
Ивана Јанева Попов
Ивана Хаџиванова
Елена Петреска

Со гостувањето на Наташа Беквалац се заокружи четвртото издание на „Профемина“. Пејачката во хотелот „Александар палас“ беше дочекана со грамогласен аплауз и овации, а задолжена за разговорот беше водителката и уредничка на емисијата „Флексија“, Јулија Цветковска. Во текот на разговорот Наташа Беквалац доби подарок-изненадување – прекрасно златно синџирче од Ador Gold, кое и’ го подари лично Елза Аџија, сопственичката на Ador Gold. (Повеќе за овој емотивен разговор прочитајте ТУКА).

Јулија Цветковска
Наташа Беквалац
Елза Аџија од „Адор Голд“ ја изненади Наташа со специјален подарок

Во рамките на целата конференција имаше лотарија, која се одвиваше во три дела. Среќните добитниции добија вредни производи од Herbalife, „Ревалид“, „Кензо“, „Виши“, „Орифлејм“, HM Spirits подарија „Моет“ и „Узо Плумари“, а две од добитничките добија У&З ваучер во вредност од 100 евра за „Божиновски“ и ваучер со 20% попуст од „Ana Borra Atelier“.

По завршувањето на конференцијата, гостите беа поканети на коктел, на кој уживаа во пијалаците на HM Spirits, дружбата со учесниците на панел-дискусиите и убавата атмосфера.

Општиот впечаток од конференцијата е дека е и повеќе од успешна, на големо задоволство на организаторите.

Секоја чест, конференцијата беше прекрасна… Одлично си поминав, ви благодарам за поканата… Чест и задоволство ми беше да се запознаам и да ги слушнам приказните на учесниците, се само дел од коментарите што го блокираа инбоксот на фејсбук-страницата на „Убавина и здравје“, како и инстаграм-профилот.

Погледнете кој се’ присуствуваше на конференцијата „Профемина 2019“.

 

ФОТО: Горан Десковски, Ристе Трокоски

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.