Успешно одржано четврто издание на регионалната конференција за жени „Профемина 2019“ (ФОТО)

Се бараше столче плус!

Инспиративни приказни, позитивна атмосфера, убави луѓе, едукативни содржини и вредни подароци…

Вчера, на 27 ноември (среда), успешно се одржа четвртото издание на регионалната конференција за жени „Профемина“, во организација  на „Колор медиа плус“, издавачот на највлијателниот женски магазин „Убавина и здравје“.

Салата на хотелот „Александар палас“ беше претесна за да ги собере сите гости, кои уште во 10 часот беа пристигнати и подготвени да ги проследат интересните содржини застапени на „Профемина 2019“, чиј акцент повторно беше ставен на убавината, здравјето, негата и се’ друго што е од исклучителна важност за жената.

Пред официјалниот старт, публиката љубопитно ги разгледуваше штандовите на поддржувачите на конференцијата. Присутните имаа уникатна можност на едно место да ги разгледаат и тестираат производите на „Еурофарм“, „Виолета“, „Кензо“, Vichy, La Roche Posay, „Есенса“, Medisei, Ozone Gold, да ги пробаат шејковите на „Хербалајф“, да се информираат за наградната игра на Ревалид по повод нивниот 25-ти роденден, да дознаат нешто повеќе за услугите на „Халкбанк“, да ги погледнат луксузните венчаници на „Anna Bora Atelier“ и да се фотографираат во интересниот фото стенд-ин на „КФЦ“.

Внатре во салата ги пречека официјалниот автомобил на настанот – комплетно новиот CLIO кој ќе ве воодушеви од моментот кога ќе го погледнете со својот модерен, динамичен стил, сензуални линии, нов светлосен потпис и ексклузивна внатрешност.

Официјално возило на конференцијата е комплетно новиот Renault Clio

Најбрзите ранобудници што први пристигнаа на конференцијата и си зафатија место, ги пречека слатко изненадување на столчето – У&З пакетче полно со производи од поддржувачите на „Профемина 2019“: Herbalife, Vichy, Essensa, Kenzo, Eliksir Exclusive, Violeta, шишенце вода „Пелистерка“, како и примерок од најновиот број на магазинот „Убавина и здравје“.

Кесички со вредни подароци од спонзорите на конференцијата

Во точно 10.30 часот, Јована Стојменовиќ, главната и одговорна уредничка на магазинот „Убавина и здравје“, свечено го отвори настанот поздравувајќи ги неговите поддржувачи, откривајќи и’ на публиката што се’ може да очекува до 18.00 и најавувајќи ја првата специјална гостинка – Весна Дедиќ која во разговор предводен од страна на професорката Татјана Алексиќ ни откри „што сакаат жените“. (Повеќе за овој разговор може да прочитате ТУКА.)

Јована Стојменовиќ, главна уредничка на магазинот „Убавина и здравје“
Татјана Алексиќ и Весна Дедиќ

Продолжете на следната страница за да погледнете кои беа преостанатите панел-дискусии…

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.