Успеа вештачкото оплодување, Амал Клуни носи близнаци?!

Се шпекулираше дека се пред развод, а тие се посреќни од било кога

После шушкањата дека во нивниот брак не цветаат рози, како што пишуваат странските медиуми, нивното семејство наскоро би можело да добие уште два нови члена.

58- годишниот актер Џорџ Клуни и неговата 17 години помлада сопруга наводно биле на вештачко оплодување, а ин витрото било со позитивен исход.

Анонимен извор наведува дека Амал веќе четири месеци е во блажена состојба и носи близначки, а оваа убава вест со семејството и пријателите планираат да ја споделат на Божиќ.

Освен тоа, оваа бременост, како што вели изворот, дошла во вистински момент.

Поминаа низ тежок период, но по се изгледа сега ги решија сите несогласувања. Џорџ не излегува толку често како порано, а на Амал тоа и значи. Сега уживаат во заслужената среќа, рекол добро информираниот извор.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.