Уапсена е сестрата на Амал Клуни!

Осудена е на затвор

Тала Аламудин Ле Талек (47), сестра на популарната адвокатка за човекови права и сопруга на актерот Џорџ Клуни, Амал, е осудена на затвор од три недели и на парична казна од 6.400 долари за сообраќајни прекршоци, вклучувајќи и возење во пијана состојба пред неколку месеци.

Имено, Тала во почеток на годинава била запрена од сообраќаен полицаец заради рутинска контрола, по што е востановено дека е под влијание на алкохол. Алко-тестот покажал дека во тој миг во нејзиниот организам имала трипати повеќе алкохол од дозволеното, а на самото место биле регистрирани и други прекршоци, пренесуваат странските медиуми.

Тала изразила длабоко жалење на судското рочиште за прекршокот, истакнувајќи дека е свесна за последиците од своето непромислено однесување.

 

Инаку, постарата сестра на Амал Клуни, Тала, последниве години живее во Сингапур, каде што се пресели од Њујорк. Мајка е на четири деца и се занимаваше со организирање галасвечености пред да ја основа својата модна линија наречена Totally Tala.

Фото: Guliver/Getty Images, Instagram

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.