Твитерџии лути на Северина: Бараат да ѝ се забрани влез во државата

Изјавата ѝ ја сфатиле како провокација

Северина пред неколку дена на концерт во Црна Гора објавила дека ѝ е вратено старателството над синот, но тоа не било единственото нешто што пејачката го кажала на сцената.

Севе изговорила реченица со која навредила многу Срби, кои, пак, својот гнев го истуриле на социјалните мрежи.

Само вие да ми се чувате Црногорци! Немој некој да ве закача“, им рекла Северина на собраните фанови, што кај нив предизвикало воодушевување.

Црногорците се воодушевени, но некои Срби тоа го сфатиле како провокација.

Имено, многубројни твитерџии од Србија пораката ја разбрале во политички контекст, а некои отишле толку далеку што предлагаат на Северина да ѝ се забрани влез во Србија.

Црногорците се шегуваат и велат:

Ама, Севе, ние сме измислена нација“.

И некои српски коментатори забележале дека реакцијата на одделни сограѓани е сепак претерана, а дали е така, проценете сами:

Видео: Twitter

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.