Турбулентен љубовен живот на избраникот на Цеца: На бившата девојка ѝ фрлиле киселина во лицето

Одмазда од љубомора?

Новиот емотивен партнер на Цеца Ражнатовиќ (46) се најде во центарот на вниманието на јавноста и медиумите откако популарната пејачка одлучи да ја обелодени љубовната врска со него.

 

Па така, јавноста дозна дека 38-годишниот Богдан Срејовиќ зад себе има брак со Зорана Тасовац, со која ја има ќерката Искра, а по разводот со сегашната свршеница на Саша Ковачевиќ, влегол во врска со архитектката и дизајнерката Влада Радосављевиќ.

Со неа бил во емотивен однос две години, а Влада ќе биде запаметена во јавноста по она што ѝ се случило во 2016 година од страна на се’ уште непознат сторител.

Имено пред влезот од нејзината зграда, непознато лице ѝ фрлило киселина во лицето, а по настанот, таа била пренесена во болница. На лицето таа имала изгореници од шести степен и оштетен вид.

По тешкиот период, несреќната дизајнерка успеа да закрепне, а како потсетување на овој нерешен случај од страна на полицијата, во декември 2018 година објави и фотографија од пеколниот момент во 2016 година.

 

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.