Цеца за убиецот на Аркан: „Се надевам дека до крајот на животот ќе скапува во затвор!“

Пристигна правдата

Вдовицата на Жељко Ражнатовиќ Аркан, Светлана Ражнатовиќ, за српски „Курир“ ја искоментира веста дека Добросав Гавриќ, убиецот на нејзиниот сопруг, ќе ѝ биде испорачан на Србија од страна на Јужноафриканската Република и дека се чека само уште потписот на тамошниот министер за правда.

Фала му на Бога што конечно ќе плати за злосторството со кое го зави во црно моето семејство и уште други две! Божја правда е да лежи затвор во земјата во која го направи злосторството и од која избега како вистинска кукавица! Се надевам дека до крајот на животот ќе скапува во затворот и дека ќе има доволно време одново да се соочува со своите недела“, изјави Цеца за „Курир.рс“.

Добросав Гавриќ имаше 23 години кога пукаше во командантот на Српската доброволна гарда Жељко Ражнатовиќ Аркан, во Миленко Мандиќ Манда (44) и во Драган Гариќ (47) на 15 јануари 2000 година во хотелот „Интерконтинентал“.

Подари трикатното убиство осуден е на 35 години затвор, но во 2006 година избега за да ја избегне казната. Под лажното име Саша Ковачевиќ, во 2007 година преку Италија и Еквадор влезе во Јужноафриканска Република. Судено им беше и на неговите сооучесници Милан Ѓуричиќи Драган Николиќ, кои добија по 30 години кзатворска казна.

Фото: ATA Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.