Цеца: „За мене организирањето на свадбата не е нешто ново“

Еве што мисли за идната снаа

Вељко Ражнатовиќ и Богдана Родиќ на 24 ноември ќе го изговорот судбоносното „да“ во црквата „Свети Сава“ во Белград, а напролет идната година ќе го добијат и првото дете, земајќи предвид дека снаата на популарната Цеца Ражнатовиќ е во блажена состојба.

 

По тој повод се огласи Цеца, која откри дека подговотките на венчавката одат како „подмачкани“.

Ние сме одлично организирани, имаме искуство со организацијата на слични настани, полнолетството на Вељко, па на Анастасија, така што за мене ова не е нешто ново, единствено ќе се потрудиме да биде малку поинакво“, откри популарната пејачка.

 

View this post on Instagram

 

🔥

A post shared by C E C A (@cecaraznatovic) on

Цеца раскажа и дека е многу задоволна од Богдана, која одлично се вклопила во нејзиното семејство.

Тие веќе долго време живеат заедно, се очекуваше да се случи вакво нешто, свршени се, во сериозна врска се, планираа заедничка иднина. Тоа е убаво и пријатно изненадување за двете семејства, сите сме среќни и се радуваме, само бебето и моите деца да се живи и здрави, тоа е единствено важно. Ќе добијам снаа каква што секој би посакал, сосема се вклопи во нашето семејство, тие се прекрасни луѓе, таа е од една домаќинска куќа, сите сме среќни и задоволни и тоа е најважно“, искрена беше Цеца.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.