Цеца се повлече во тотална изолација: Никому не дозволува да ѝ пријде!
Времето го поминува сосема сама
Цеца Ражнатовиќ својата раскошна вила на Бежаниска коса ја претвори во сопствен карантин. Имено, популарната пејачка дури и а својата сестра Лидија Оцокољиќ ѝ забранила да доаѓа кај неа, пренесуваат српските медиуми.
Поради бременоста, Богдана со сопругот Вељко Ражнатовиќ се повлече во куќата на родителите во Тител, а младата пејачка Анастасија Ражнатовиќ престојува кај момчето во Нови Сад.
Цеца веќе 14 дена е целосно сама во еден дел од куќата. Дури ни сестра ѝ Лидија не смее да дојде кај неа, бидејќи пејачката во последниот период многу патуваше, па не сака да ризикува. Таа по цел ден гледа вести на телевизија, чита книги и гледа серии“, открива извор близок до пејачлата.
Тој додава дека Цеца утехата ја пронаоѓа во верата, па одлучила да пости за време на велигденските пости.
Внесува доста витамини и се труди да остане здрава“, вели изворот.
Фото: ATA Images