Цеца Ражнатовиќ никогаш нема да ги заборави зборовите на покојниот сопруг Аркан: „Тоа го научив од него!“

Ја отвори душата

Цеца Ражнатовиќ е позната како голем професионалец, кој вешто умее да постави граница меѓу приватноста и професионалниот живот, а важи за лојален и посветен пријател. Токму за тоа зборуваше за време на гостувањето во една утринска емисија.

Мислам дека сум добар пријател. Многу ја почитувам лојалноста кај луѓето. И тоа го научив од мојот покоен сопруг. Секогаш ми велеше: ‘Богатството не е во материјалните работи. Млада си, ќе сфатиш со текот на времето, најголемото богатство засекогаш ќе ти бидат семејството и лојалните пријатели. И биди среќна ако за целиот живот можеш да издвоиш два вистински лојални пријатели.’ И така е, навистина“, изјави Цеца потсетувајќи се на зборовите на покојниот Жељко Ражнатовиќ-Аркан.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by C E C A (@cecaraznatovic)

Ми се случуваше во некои ситуации луѓето едноставно да се искристализираат. Се разбира дека е тешко да гопреболиш тоа, но го преболуваш. Некои луѓе имаат свој рок на траење во твојот живот, ви се разделуваат патиштата, некои на убав начин, некои на болен и тажен, некои на болен и грд, но ништо не се случува случајно во животот. Ниту случајно ќе сретнеме некого, ниту случајно се разделуваме со некого. Тоа е своевидна рамнотежа“, објасни пејачката, и додаде:

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by C E C A (@cecaraznatovic)

И таму каде што можеби се разделив лошо, никогаш не плукнав на односот, ниту давав лоши коментари, затоа што тие луѓе беа мој избор. Е сега, дали се добри или лоши, тоа времето ќе покаже“, заклучи Цеца.

Фото: Инстаграм, Дејан Милиќевиќ

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.