Цеца ја отвори душата: „Жељко беше центарот на мојот свет“

„Сега знам дека тогаш не бев ни свесна колку сум среќна“

Цеца Ражнатовиќ со синот Вељко и ќерката Анастасија на 15 јануари одбележа 20 години од смртта на својот сопруг Жељко Ражнатовиќ Аркан.

Фолк-ѕвездата однесе цвеќе и запали свеќа, додека Вељко носеше кошница со храната што ја раздаде за душата на својот татко. По опелото, свештеникот ги замоли сите да да ја кажат молитвата „Оче наш“. Анастасија не можеше да ги задржи емоциите, па солизте ѝ се слеваа низ лицето. Цеца рече дека сеќавањето на Аркан воопшто не ѝ избледило.

 

Жељко е тука, сè уште е со нас, едноставно, тој е дел од нашето семејство и се разбира дека секогаш ќе го спомнувам. Тој сè уште има посебно место во моето срце. Таква љубов веќе никогаш нема да се случи во мојот живот. Мене Жељко ми беше центарот на овој свет и сè на оваа планета. Тоа е рана што никогаш не зарастува и секое спомнување на неговото име ме враќа во времето кога бевме заедно“, раскажа Ражнатовиќ, и по подолга воздишка продолжи:

Сега знам дека тогаш не бев ни свесна колку сум среќна. Во мојот случај, солзите не можат да ги излекуваат длабоките рани што останаа во моето срце. Колку што беше голема љубовта, толку голема тага остави зад себе.“

Фото: Instagram @cecaraznatovic_queen, ATA Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.