Иако постојано се под будното око на јавноста, Вељко и Богдана Ражнатовиќ одлучија својот мирен семеен живот да го изградат далеку од градската врева на Белград, во Тител – родното место на сопругата на Вељко. Таму живеат со своите синови Жељко, Крстан и Исаија, додека младиот Ражнатовиќ, покрај боксерската кариера, му се посвети и на приватниот бизнис со одгледување свињи.
Сепак, јавноста постојано ја интригира прашањето – што навистина мислат жителите на Тител за познатиот пар. Таа дилема ја разреши пејачката Оља Карлеуша за време на гостувањето во емисијата „Цеца шоу“. Со оглед на тоа што нејзината мајка потекнува токму од Тител, Оља истакна дека одлично ги познава соседите и семејството Родиќ.
View this post on Instagram
Таа потврди дека Богдана е „девојка од добра куќа“, но истовремено откри и дека Вељко е исклучително почитуван и фален од локалното население. При тоа додаде дека и кариерата и хитовите се неважни доколку некој не ужива углед во својата средина, нагласувајќи дека сè би било „бадијала“ ако синот на Цеца не бил ценет во местото каде што живее.
View this post on Instagram
Цеца: „Тоа е најдобриот комплимент“
Цеца, горда на своите деца, не ја криеше емоцијата и призна дека ѝ е најважно кога некој јавно ќе ги пофали.
Како ќе ги изведеш децата на прав пат, мислам дека тоа е најважното нешто за сите нас што сме се одлучиле да бидеме родители. Најубав комплимент што можам да го добијам е кога некој ќе ми каже дека Вељко и Анастасија се добри и воспитани – изјави пејачката ѕвезда.
Покрај складниот живот во провинцијата, неодамна се појавија информации дека младиот брачен пар размислува за проширување на семејството. Иако Богдана досега секој пат се породувала со царски рез, стручњаците им дале зелено светло, по што дознале дека без проблем можат да имаат и четврто дете.
View this post on Instagram
Фото: Инстаграм