Цеца истрча на бината и ја прегрна натпреварувачката која беше готова да се онесвести (ФОТО)

Преседан во натпреварот

„Таа целата трепери, пулсот ѝ е 300!“

Тамара Јовановиќ (21) испеа две песни во рамките на музичкиот натпревар „Гранд-ѕвезди“ и од жирито доби само еден глас, и тоа од Цеца Ражнатовиќ.

Иако правилата налагаат натпреварувачите што ќе добија 1 или два гласа не продолжуваат да се натпреваруваат, Саша Поповиќ одлучи да направи преседан во овој случај.

Имено, Цеца прво излезе на бината и ја прегрна Тамара, а потоа додаде дека сака да ѝ биде менторка:

Луѓе, ова е страшно, таа има 300 отчукувања во секунда. Убава си, згодна си. Сале, јас ќе ја земам ако ми ја дадеш“, му порача Цеца на директорот на „Гранд“.

Tamara Jovanović
Фото: Тамара Јовановиќ Youtube Printscreen/Zvezde Granda

Мислам дека е престрашена, целата трепери, но мислам дека имаш потенцијал. Ме шеташе, таман кога ќе помислам дека е добро, ти ќе се лизнеш, но би сакала да бидеш во мојот тим и да се обидеме идниот пат да блеснеш“, објасни Цеца.

Svetlana Ceca Ražnatović
Фото: Цеца Ражнатовиќ, Youtube Printscreen/Zvezde Granda

Саша Поповиќ одлуката дали Тамара Јовановиќ ќе продолжи да се натпреварува како дел од тимот на Цеца ја донесе заедно со Александар Милиќ Мили, кој е член на продукциското жири.

Сигурно продолжуваш во шоуто, жал ми е што не можам да ти ја исполнам желбата да дојдеш кај мене, така што ќе те префрлам на Цеца“, кажа Мили, а натпреварувачката не ја криеше среќата.

Фото: Printscreen Youtube

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.