Цеца искрено: „Имам свој живот и не се мешам во бракот на Вељко и Богдана како би ги лекувала своите фрустрации“

Ако им затреба - тука е!

Цеца Ражнатовиќ на 3 јуни доби нова животна улога – нејзиниот син Вељко стана татко, а таа баба. Првите денови од својот живот, најмладиот член на семејството Ражнатовиќ ги помина без присуството на својот татко и баба, бидејќи тие, за жал, беа позитивни на коронавирусот. Сепак, разделеноста од внукот фолк-пејачката добро ја поднесе затоа што беше свесна дека станува збор за најдоброто за својот внук.

Бев свесна дека за бебето е најдобро јас и Вељко да се изолираме кога дознавме дека сме позитивни. Не драмев, не страдав што во првите денови не можам да бидам со внукот, затоа што сум зрела жена и на прво место ги ставам интересите на луѓето што ги сакам. А во тој миг за доброто на Жељко беше тој да не биде во близина на татка си и баба си. Тие се во Тител затоа што не е готова собата за бебето. Мајсторите ги завршуваат последните детали, па наскоро сите ќе се собереме во својот дом. Богдана ја уредува собата и се’ правиме по нејзин вкус. Не е вистина дека собата се уредува по моја желба! Јас сама ја уредував за своите деца. Никој не ми се мешаше, па ни јас не и’ се мешам на неа. Не сум таква свекрва, а нема да бидам ни таква тешта. Јас сум жена што има свој живот. Не се мешам во туѓите животи како би ги лекувала сопствените фрустрации. Ако им затребам, тука сум да им помогнам“, истакнува Цеца за „Хит информер“.

Фото: ATA Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.