Целиот свет зборува за природната коса на Меган Маркл: Еве зошто (ФОТО)

Што мислите вие?

Откако го изговори судбоносното„да“ со британскиот принц Хари, поранешната актерка Меган Маркл постојано е во центарот на вниманието на јавноста и на медиумите.

Дури ни бегството од палатата и напуштањето на кралските должности, познато како „мегзит“, не ѝ помогна да им се отргне на новинарите и папараците, кои буквално го следат секој нејзин чекор дури и во далечната Америка, каде што живее со принцот и со синот Арчи.

Е сега, бившата војвотка од Сасекс е позната по својата долга, права и црна коса, меѓутоа, земајќи предвид дека нејзината мајка Дорија е Афроамериканка, не изненадува тоа што фотографиите од детството на Меган сведочат дека таа има густа, црна и виткана коса.

Сега се води полемика дали поубаво ѝ прилега права или кадрава коса? Што мислите вие?

 

Видео: Јутјуб

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.