ТРОГАТЕЛНО: Јулија соопшти кога ќе биде погребот на нејзината ќерка: „Мојот ангел одлета“ (ФОТО)

Непребол

Сочувство од редакцијата на „Убавина и здравје“.

Пејачката и водителка Јулија Мациевска соопшти на Фејсбук дека нејзината ќерка Андријана Мациевска, за жал, ја загуби битката со канцерот.

Уметницата Андријана Мациевска почина денес, во 41 година од животот. Скршена од болка, Јулија се огласи на социјалната мрежа Фејсбук, каде што го објави следново:

Мојот ангел одлета, ми се откорна од срцето, од утробата, мојата прва љубов, мојата единствена роза, мојата Андријана. Мојата зеница, мојата светлина, моето добро девојче, мојата голема уметница… боли, боли, боли“, пишува Јулија.

Погребот ќе биде одржан утре, петок, 13.5.2022 во 14 ч. во капелата на градските гробишта Бутел.

Нека ѝ е лесна земјата и нека почива во мир.

Фото: Facebook

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.