Тргнете по патот на блогерките – Ова се трите апликации за разубавување кои што најчесто ги користат инфлуенсерките

Инсталирајте ги овие апликации и станете една од популарните Инстаграм девојки

Фото: Getty Images

Ако сте еден/една од оние кои можат со часови да поминат на Инстаграм гледајќи илјадници стори приказни на непознати луѓе, не можете да го тргнете погледот од прекрасните визуели, тогаш ви посакуваме топло добредојде во клубот. Веќе не е доволно само да го земете телефонот но рака и да снимите најобична стори приказна и на неа да „залепите“ некој GIF. Благодарение на многубројните нови апликации кои излегуваат скоро секој ден, можете да ги „поиграте“ со низата филтри и рамки и во целост графички да ги персонализирате сопствените фотографии и видеа се со цел да станете препознатливи.

Без разлика на тоа дали го користите Инстаграм како разонода додека со автобус патувате кон работа или факултет или сакате да се занимавате со инфлуенсерство, кое не е воопшто едноставно, овие три апликации ќе ве воодушеват со својата разновидност и конечно ќе имате можност да дознаете зошто на познатите Инстаграм дами стори приказните и објавите им изгледаат совршено.

https://www.instagram.com/p/BkQhvttAooN/?utm_source=ig_embed

Unfold

Ако како деца сакавте да правите колажи, да пишувате дневник и да собирате разно разни налепници, апликацијата Unfold е создадена за вас. Веројатно е и една од најпопуларните на социјалните мрежи поради одличните опции за комбинирање на повеќе фотографии и видеа, додавање на опис во разни фонтови и целокупното прекрасно естетско доживување. Сигурни сме дека вашата гледаност на стори приказни ќе се зголеми, а ДМ ќе би биде преполн со прашања поврзани со апликацијата.

https://www.instagram.com/p/BkAL-TohBXt/?utm_source=ig_embed

Snow

Интересно е како живееме во hi-tech  свет и користиме најдобри технолошки производи, а сеедно ги обожаваме vintage филтрите кои имитираат истрошена филмска лента. Тоа е всушност апликацијата  Snow затоа што има безброј филтри и многу потсетува на Snapchat.

https://www.instagram.com/p/BkYhbKkDU1g/?utm_source=ig_embed

Over

Последната апликација е за сите оние кои што повеќе преферираат видеа од фотографии со оглед на тоа дека постојат разни визуелни и звучни ефекти поради кои вашите стори приказни ќе останат запаметени. Со оваа апликација можете да ја прилагодите брзината на видеата, да користите филтри, да ги замаглувате фотографиите или дополнително да ги нагласувате. Оваа апликација често ја гледаме на профилиоте на травел инфлуенсертите, а супер изгледа и на фотките од храна и коктел.

Оваа година првпат во Македонија ќе се одржи U&Z Influencer Awards, а големото финале е закажано во декември, кога на гала-свеченост ќе бидат доделени статуетките. Победникот во секоја категорија ќе има можност да склучи договори за спонзорство со брендот кој ќе биде покровител на категоријата, а победникот ќе ја краси декемвриската насловна страница на „Убавина и здравје“. За време на летово ќе може да се пријавувате на нашата имејл-адреса redakcija@ubavinaizdravje.mk, оставете ги вашето име и презиме, телефонски број и линк до вашиот инстаграм-профил. Означете ја и категоријата за која се пријавувате. Пријавувањето трае до 15-ти септември, од кога започнува и натпреварот, кој ќе трае до 1-ви декември. На сите пријавени ќе им бидат дадени одредени задачи кои ќе треба да бидат сработени, а кон крајот на годинава покрај нив на гламурозната забава ќе биде прогласен и победникот во категоријата Influence Star.

Правилата на натпреварувањето се едноставни: ако сакате да станете влијателни на социјалните мрежи, имате меѓу 18 и 40 години и над 2.000 следбеници.

Потребно е да ни испратите мејл, да направите креативна фоотографија или видео со принтаното издание на „Убавина и здравје“ и да ја објавите на вашиот профил и притоа да ги тагирате нашиот инстаграм и фејсбук-профил. И задолжително додајте ги хаштазите #ubavinaizdravje #uzinfluencers2019 #VIOLETAandUZ

Пријавувањето трае до 15 септември 2019 година.

U&Z Influencer Awards 2019 powered by Violeta!

Ќе бидат наградени инфлуенсери во шест категории – Beauty, Travel, Fashion, Food, Lifestyle i Insta man, а титулата во седмата категорија У&З  Influence Star  можеби е резервирана токму за вас! Осмата специјална категорија е Среќа каде учество ќе можат да земат сите со навршени 18 години без разлика на бројот на следбеници. Ќе има мини натпревар каде ќе бидат тестирани вашата креативност. Сите учесници на крајот ќе добијат подароци, а победиците во категории ќе добијат вредни подароци од спонзорите на категоријата или можност да потпишат договор да бидете нивен официјален инфлуенсер. За сите детали ќе ве известуваме благовремено.

Пријавувањето трае до 15 септември 2019 година на redakcija@ubavinaizdravje.mk

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.