„Треба да имаш храброст и самодоверба за вакво нешто!“ – Запознајте ги сестрите од Радовиш кои го насмеаа жирито во „Заблескај“ до солзи!

Вакви „таленти“ немате слушнато досега!

На само три дена од емитувањето на втората емисија и аудиција од „Заблескај“ ве запознаваме со уште три кандидати кои ја одбележаа првата емисија од музичкото шоу.

17- годишниот Иван Блажевски се претстави со темата „Зора“ од Гидра и Гоца, а Дани и Пере беа посебно „воодушевени“ од неговата изведба и текстот на песната која што ја отпеа.

Немој да пцуеш Иван, му порача Марко,  а Дани и Пере со насмевки на лицето се согласија со него.

Инаку, Иван е од Прилеп, а во иднина сака професионално да се занимава со музика, односно да биде музичар/артист. Негови идоли  се Два Бона, Јала Брат, Буба Корели и Влатко Стефановски.

Младиот Стефан Стојмановски исто така беше еден од фаворитите на Дани. Во „Заблескај“ се претстави со темата „Сонце за три света“ која оригинално ја изведува Мики Јовановски – Џафер.

Стефан е од Куманово и има 24 години. Има завршено музичка академија, на отсегот музичка теорија и педагогија. Во иднина се гледа како успешен пејач и професор по музика. Негов идол е Влатко Лозаноски.

Деветти по ред настапија сестрите Магдалена и Ники Тодорови од Радовиш кои снимаат видеа за Тик Ток.

Во дует ја испеаа „На врв и на дно“ од Магдалена Цветковска – Ена.

Желбата е најважна , рече Дани откако го преслуша нивниот настап, а Пере им порача во иднина да продолжат само ова да го прават, да се снимаат за Тик Ток затоа што според него се многу интересни.

Инаку, Магдалена и Ники имаат многу омилени пејачи, како што се: Тоше Проески, Елена Ристеска, 2 Бона, Слаткар, ДНК, Ена Цветковска, Тони Зен, Луна, Таско и многу други.

Пријавувањата за „Заблескај“ се уште се во тек и траат до 10 мај!

Снимете се како ја пеете вашата омилена песна, првата строфа и рефренот од неа, видеото пратете ни го на ДМ на Инстаграм страницата на „Убавина и здравје“ – @ubavinaizdravje.mk или на маил адресата redakcija@ubavinaizdravje.mk

Видеото од вашата изведба објавете го и на вашиот Инстаграм профил со хаштаг #заблескај и #заблескајсоорбит.

Премиерата на втората емисија и претставувањето на новите 10 кандидати ќе можете да ја гледате во понеделник, на Јутјуб каналот на „Убавина и здравје“ во 21 часот, а стручниот двоец, односно жири за оваа емисија ќе ви го откриеме наскоро.

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.