Тони Цетински ослободен, не е виновен за несреќата во која загина несреќниот човек

Судската агонија заврши

Пејачот Тони Цетински ослободен е за несреќата во Ровињ, во која на 3 ноември 2017 година животот го загуби пешакот Ибрахим Кевљанин (62).

На Цетински ослободителната пресуда му ја изрече Општинскиот суд во Пазин.

Пејачот беше обвинет дека на 3 ноември 2017 година, во Пуста улица во Ровињ, по кривината налетал на човек што лежел на патот и го прегазил. Несреќниот маж им подлегна на стекнатите повреди.

Она што најмногу ти останува во сеќавање е тој миг на несреќата и фактот дека не можев да направам нешто за да ја избегнам. Тоа е мигот кога не можев да му помогнам на човекот. Тоа е она што цел живот ќе ми остане во мислите“, изјавил Цетински по излегување од судницата, пренесуваат хрватските медиуми.

Извор: Story.rs

Φοτο: ATA Images

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.