Том Хенкс прво ја прифатил верата на својата сопруга, а сега добил државјанство во нејзината татковина
Грција му се оддолжила
Почесно државјанство може да им се додели на луѓе за „исклучителни услуга на земјата или чија натурализација е во служба на јавниот интерес“
Грчкиот претседател Прокопис Павлопулос потпишал почесен налог за давање државјанство на американскиот актер Том Хенкс.
Хенкс (63) често летува на грчкиот остров Антипарос, а неговата сопруга, актерка и продуцентка Рита Вилсон има грчко потекло.
Според грчкиот закон, почесно државјанство може да им се додели на луѓе за „исклучителни услуги на земјата или чија натурализација му служи на јавниот интерес“.