„Толку многу да се види, толку многу да се прочита“ – ТРИ со голем број новитети на Саемот на книгата

Никогаш доволно саеми – никогаш доволно книги!

Годинешниот Саем на книгата на штандот на ТРИ носи многу нови наслови, не само од светската книжевна сцена туку и од домашната.

Од 8 до 14 септември, на паркингот на спортската сала „Борис Трајковски“ ќе можете да се почестите со бескрајна инспирација спакувана во изданијата на ТРИ и на Паблишер.

Во текот на саемот ќе се промовираат и новите книги на Наташа Сарџоска, Стефан Марковски, Виолета Танчева-Златева и Нона Марковска.

Покрај нив, пристигнуваат и големите светски книжевни хитови од јапонската книжевна ѕвезда Мураками, новата читачка атракција „Ахиловата песна“ од Мадлин Милер, нови дела од нобеловците Казуо Ишигуро и Марио Варгас Љоса.

Саемскиот попуст ќе важи и во книжарниците и онлајн.

Не се пропуштаат ниту средбите со нашите ексклузивни автори, кои ќе потпишуваат книги за време на Саемот. Еуфоријата е веќе започната! Каталогот се наоѓа на следниот линк: https://bit.ly/3DUjVIH.

Текст и фото: ПР

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.