„Тоа што имаш рамен стомак не значи дека си манекенка“: Се вратила на работа, а многумина велат дека изгледа СМЕШНО

Погледнете

Најубавата манекенка Жизел Бундшен, која неодамна го оставила фудбалерот, се соочила со коментари дека повеќе не изгледа како супермодел

По бомбастичните вести дека еден од најубавите љубовни парови Том Брејди и Жизел Бундшен одлучиле да му стават точка на својот брак долг 13 години, славната манекенка постојано е на мета на папараците.

Може да се каже целиот свет будно го следи секој нејзин чекор, а сега се нашла на удар на критики поради својот изглед.

Имено, Жизел се фотографирала за кампања за костими за капење, меѓутоа кога фотографиите се нашле на социјалните мрежи, многумина не биле баш воодушевени. Се коментирало дека нејзиното време поминало, односно дека нејзиниот сексапил како да испарил.

Особено проблематична била заднината на славната манекенка која, како што многумина коментирале, била комплетно опуштена и не била во најдобра форма.

„Што, значи сега секоја слаба жена може да биде супермодел?“, „Од сета таа убавина ѝ останал само рамниот стомак, ништо посебно“, „Мислам дека ова многу подобро би можела да го износи некоја друга манекенка, дури и покрупна од неа… вакво нешто на Жизел никогаш не би купила, едноставно, го умртвила костимот за капење“, се само некои од коментарите.

Бундшен позирала во металик виолетова едноделен костим со качулка, кој многу бил разголен, со оглед на длабокото деколте.

Манекенката трпеливо чекала асистентите да ѝ го наместат костимот како што треба, но ова издание не им се допаднало на поединци кои сметаат дека Брејди ѝ ги зел најдобрите години.

„Како да се обидува да му докаже на Брејди што изгубил и се натпреварува со девојки. Но ова изгледа смешно“, и додале дека кампањите со костими за капење, сепак, треба да им бидат оставени на други манекенки.

„Ми изгледа истрошено, преслабо“, „Само затоа што имаш рамен стомак не значи дека си манекенка“, „Таа повеќе не е супермодел. Да, згодна е, многу згодна, но тоа повеќе не е тоа тоа“, коментарите продолжиле да се нижат.


Од друга страна, далеку погласни биле оние што ѝ делеле комплименти на манекенката и кои истакнувале дека неверојатно е како оваа жена изгледа по две деца.

Имало и такви што напишале дека изгледа одлично.

Што мислите вие? Дали Жизел би требало да се збогува со кампањите за долна облека и костими за капење или сепак има става со којашто може да ги износи таквите модни задачи исто како и на почетокот на кариерата?

Жизел Бундшен блесна во „злато“ еден месец по разводот: Манекенката ја воодушеви публиката
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.