Панел-дискусија на Профемина 2025 која потсетува дека здравата жена е силна жена.
Жената е моторот на секое семејство. Таа е првата што станува и последната што легнува, таа се грижи, организира, решава, поддржува. Но во таа постојана трка да биде сè за сите – често ја заборава најважната личност: себеси.
Во рамките на Профемина 2025, која ќе се одржи на 23 октомври (четврток) во хотелот „Холидеј ин“, панел-дискусијата „Тивките болести на жената“, посветена на темата што долго време остануваше во сенка – женското здравје, ќе отвори важни прашања:
-
Како да ги препознаеме симптомите што најчесто ги игнорираме?
-
Зошто жените ретко бараат лекарска помош навреме?
-
И како современата медицина може да стане наш сојузник во превенцијата и раното откривање?
Модераторка:
Сања Савевска, ТВ-водителка
Панелисти:
-
Доц. д-р Оливер Бушљетиќ, кардиолог – за „тивките“ срцеви заболувања кај жените и зошто нивните симптоми често изгледаат поинаку од машките.

-
Доц. д-р Ирена Андонова, гинеколог – за хормоналните дисбаланси и симптомите што не треба да се игнорираат низ различните животни фази.

-
Д-р Џулиана Михајловска, ендокринолог – за штитната жлезда, метаболизмот и хормоналните „зстапици“ кои тивко влијаат на телото и расположението.

-
Д-р Лилјана Брајевиќ, тораковаскуларен хирург – за здравјето на дојките, самопрегледот и навремената интервенција, и како физичките промени можат да бидат првите „тивки сигнали“.

-
Д-р Лидија Вељановска-Кириџиевска, специјалист по радиодијагностика – за улогата на мамографијата и ултразвукот во раната дијагноза и спасување животи.

Панелот е под покровителство на Жан Митрев Клиник, институција која со децении ја поставува грижата за здравјето на жената во срцето на својата мисија.
Настан што не треба да го пропуштите!
📅 Профемина 2025
📍 Холидеј Ин, 23 октомври 2025
🕤 09:30 – 17:30 часот
Обезбедете го вашето бесплатно присуство со регистрација на:
📧 [email protected]
„Тивките болести на жената“ не е само панел туку потсетник дека секоја жена заслужува да живее здраво, свесно и со љубов кон себе. Затоа што кога жената е здрава – целото семејство е посилно.
Фото: приватна архива