„Терминаторот“ имал операција на срце: На обожавателите им испратил порака од болнички кревет!
Актерот се чувствува добро
Ѕвездата на култните акциони филмови и поранешниот гувернер на Калифорнија, Арнолд Шварценгер, правел операција на срце, која, за среќа, поминала како што треба
Актерот по операцијата изјавил дека се чувствува фантастично, а зборовите ги поткрепил и со фотографија од болничкиот кревет, која ја објавил на својот инстаграм-профил. Обожавателите на холивудската ѕвезда му упатиле коментари со убави желби и молитви за брзо оздравување.
„Имам нов аортен залисток, покрај мојот нов белодробен залисток од претходната операција. Се чувствувам фантастично и веќе шетам по улиците на Кливленд“, објавил познатиот актер во петокот на Твитер.
Шварценгер (73) објавил и своја фотографија од болничкиот кревет во клиниката во Кливленд и им се заблагодарил на медицинските работници кои се грижеле за него за време на заздравувањето по операцијата на срце.