Телото на кралот на комедијата било украдено од гробот, крадците барале огромен откуп од вдовицата, а добиле урнебесен одговор!

Неверојатна приказна

Актерот Чарли Чаплин починал на католички Божиќ во 1977 година на 88 година – таа вест растажила милион негови обожаватели ширум светот, но не толку колку настанот што следел потоа

Три месеца по погребот некој го украл телото на славниот комичар од неговата гробница во швајцарското село Корсиер-сур-Вевеј.

Чарли Чаплин е едно од најпрепознатливите лица во историјата на филмот. Американскиот филмски институт го ставил на 10 место на листата на 100 најголеми актери на 20-от век. Покрај тоа, овој уметник бил режисер, сценарист и продуцент и еден од најголемите комичари на сите времиња.

Секако, најпознато е по ликот на симпатичниот и добродушен скитник Чарли, кого и денес го препознаваат и го сакаат милиони луѓе ширум светот. Сепак, помалку познато е и дека последниот „филмски обрт“ во животот на уметникот се случил по неговата смрт.

Филмска кражба

Чарли Чаплин починал на Божиќ во 1977 година. На 1 март 1978 ковчегот со телото бил украден од гробницата во швајцарските гробишта. Полицијата започнала истрага, а сето тоа се одвивало под будното око на јавноста од целиот свет.

Излегло дека телото го украле Роман Вардас и Ганч Ганев, полски и бугарски автомеханичар во обид изнудат пари од вдовицата на Чаплин, Уна О’Нил. Нејзе ѝ стигнало барање за откуп од 600.000 долари, но уценувачите сигурно не ја очекувале нејзината реакција! Имено, кога слушнала колку бараат, Уна рекла дека нејзиниот сопруг „би мислел дека нивното барање е смешно“.

Сепак, ни крадците не се откажувале. По првичниот шок, се заканувале дека по телото на Чаплин, ќе ги украдат и нивните две најмали деца. Полицијата ги снимала телефонските повици, но на почетокот никако не можела да им најде трага на криминалците.

Крај на потрагата

Истрагата траела пет недели и конечно дала резултати. Во голема полициска акција, полицијата успеала да ги уапси двајцата крадци и да го најде ковчегот со телото на актерот кое крадците го закопале во полет на околу еден и пол километар од семејната куќа на Чаплин во Корсиер.

Единаесет недели по кражбата, телото на Чарли Чаплин повторно било положено во гробницата во близина на Женевското езеро. Овој пат, ковчегот бил ставен под дебел слој на бетон за да се спречат повторните можни обиди за кражба.

Што се однесува до крадците, излегло дека станува збор за политички бегалци од Источна Европа. Им се судело за кражба на гроб и обид за изнуда – Вардас добил четири и пол години тешка физичка работа, а Ганев 18 месеци.

Откриени опсесиите на Мајкл Џексон: Неговиот план за бесмртноста
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.