Тажна вест: Почина Исидора Бјелица!

Ја загуби битката со карциномот на јајници

Исидора Бјелица, познатата писателка, почина во станот на своите родители на Нови Београд во 52-та година од животот. Веста за трагичната загуба ја потврди сестрата на популарната писателка.

Пред само еден месец, Исидора вака зборуваше за борбата со карциномот на својот фејсбук-профил:

Не сакав да ве давам, мислев дека можам сама. Меѓутоа, ова се толку многу морничави физички и психички маки, што ќе ве замолам да му се помолите на драгиот Христос да ми прости и да ја заврши оваа агонија“, напиша писателката тогаш на својот профил.

Објасни дека се обидела со се’ што е во нејзина моќ, а нејзините зборови многумина расплакаа…

Се’ што беше во моја моќ пробав, и заради што? Ништо! Само уште поголема болка. За жал, изолацијатами ја влоши состојбата со мојата примарна болест. Простете ми, Господе Исусе Христе, помилувај ме грешна“, додаде таа, додека обожавателите ѝ упатија голем број пораки за поддршка.

 

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.