Таткото пукал во прекрасната холивудска актерка: „Животот со него беше пекол, додека мајка ми не реши да направи нешто сурово!“

Траума што вечно ја следи

Холивудската актерка Шарлиз Терон имала многу тешко и трауматично детство, обележано со голема семејна трагедија

Детството го поминала на една фарма во близина на Јоханесбург во Јужна Африка, каде што живеела со мајка ѝ Герда и татко ѝ Чарлс.

Кога имала само 15 години, ѝ се случила ужасна ситуација за која аткерката секогаш зборува отворено. Имено, татко ѝ бил алкохоличар. Еден ден се вратил дома толку пијан што пукал во Шарлиз и мајка ѝ.

„Ниту еден куршум не нè погоди, што беше вистинско чудо. Но во самоодбрана, таа ја прекина агонијата“, рекла таа за Националното јавно американско радио.

Таткото го опишала како многу болен човек и открила дека животот со алкохоличар бил прилично безнадежен.

Шарлиз детално ја објаснила ситуацијата што ја обележала за цел живот. Раскажала дека татко ѝ тој ден бил толку пијан што не можел да стои и дека во раката имал пиштол.

„Јас и мајка ми бевме во спалната соба, потпрени на вратата, бидејќи тој ја туркаше. И двете се потпревме на неа за да не влезе. Се врати чекор наназад и пукаше во вратата три пати. Вистинско чудо е што ниту еден куршум не нè погоди. Во самоодбрана, таа пукаше во него“, рекла актерката.

Иако денес отворено зборува за траумата од детството, тогаш ѝ било срам.

„Тогаш се преправав дека тоа не се случило, бидејќи не сакав да зборувам за тоа. На луѓето им кажував дека татко ми загинал во сообраќајна несреќа. Кој би сакал да раскажува таква приказна. Никој не знае како да реагира кога ќе му кажете дека тато ти бил алкохоличар, кого мајка ти го убила. Не сакав да ме гледаат како жртва“, открила таа во една пригода.

Мајката на Шарлиз Терон била ослободена од обвинувањата, затоа што било докажано дека станало збор за самоодбрана.

Сексуално злоставувана на 6-годишна возраст: Траума што ја направи зависничка
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.