Таткото обвинет за педофилија 11 години не сакал да ѝ каже која ѝ е мајка: Ѝ оставил богатство, но и траума за цел живот!

Траума

Според некои луѓе, Парис Џексон имала среќа што се родила како дете на Мајкл Џексон, додека други тврдат дека токму тоа ѝ го уништило животот

Парис Џексон и денес живее во изобилство обидувајќи се да се оствари како музичарка и моделка, но за 6 години ја очекува богатство од повеќе од 100 милиони долари што ќе го наследи од покојниот татко Мајкл Џексон.

Парис е страстен бранител на ликот и делото на својот татко, иако благодарение на него живеела без мајка цели 13 години.

Имено, откако кралот на поп-музиката починал, Парис стапила во контакт со Дени Роу, жената која ја родила и сега тврди дека сè уште е во одлични односи со неа.

Иако Парис отсекогаш зборувала дека имала бајковито детство, многумина сметаат дека тоа е далеку од вистината.  Како пример за тоа ја наведуваат нејзината неспособност да се снајде во реалниот живот и да оствари сериозна емотивна врска или кариера.

Парис вчера се појавила на премиерата на документарецот за Памела Андерсон и во таа пригода ги покажала своите многубројни тетоважи.

На нејзиното тело има повеќе од 30 тетоважи, меѓу кои има и срце, огледало, ладало, разни божици и симболи на хиндуизам, како и икона на Дева Марија.

Децата на Мајкл Џексон заедно во јавност: Сега конечно знаеме на кого личат Парис, Принц и Бланкет!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.