Тања Савиќ веќе не сака да молчи: „Пет дена им го немам слушнато гласот на децата“

Плачот на една мајка

Фолк-пејачката Тања Савиќ се огласи на својот инстаграм профил на кој објави фотографија со своите наследници.

Имено, сопругот на пејачката ги зел пасошите на децата и ги однел во Австралија за време на вонредната состојба, а всушност тој никогаш не ни сакал децата да живеат во Србија, што е главната причина за проблемите во бракот со Тања.

Вие сте ми најголемата љубов. Правамсе’ да ми дојдете во прегратка. Јас сум човек што осудува неправда и секоја направена штета не може да помине неказнето. Веќе пет дена им го немам слушнато гласот. Кога контактирам со семејството, сите ме игнорираат. Каде ќе им оди душата? Кога ќе се обидам да им се јавам повторно, ме блокираат. Не е ни чудно што ни се случи коронава, се’ е отидено во пропаст. Јас веќе не можам да молчам. Сакам сите да знаат што ми е направено“, напиша пејачката во описот на фотографијата на која е насмеана со синовите.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.