Актерката се присети на најтешките периоди, кога и покрај работата во театарот, морала дополнително да заработува за да обезбеди егзистенција.
Актерката Тања Кочовска во поткаст откри делови од својот живот за кои ретко зборувала јавно. Таа се присети на периодот кога живеела сама како самохрана мајка и се борела да обезбеди стабилен живот за себе и своето дете.
Кочовска раскажа дека во тоа време веќе била вработена како актерка во Театарот за деца и младинци, но приходите не биле доволни, па морала да најде дополнителна работа. Чистела во домот на сопствениците од кои живеела под кирија, но и ги чистела скалите во зградата.
Таа нагласи дека не се срами од тој период, бидејќи секоја работа за неа била чесен начин да се избори за подобар живот. Напротив, вели дека токму тие моменти ја изградиле како личност и ѝ покажале што значат упорноста и одговорноста.
Подоцна во нејзиниот живот се случува бракот со Предраг, со кого повеќе од две и пол децении го гради семејниот живот. Тања и денес со гордост зборува за патот што го поминала и за сите искуства што ја направиле личноста која е.
Фото: Printscreen Youtube tanja kocovska