Тамара Тодевска го „издаде“ Перо Антиќ за прославата на 38-от роденден (ФОТО)
Весело
Поранешниот кошаркар и претседател на Кошаркарската федерација на Македонија, Перо Антиќ, вчеравечер го прослави 38-от роденден со весела забава која ја организира во познат скопски локал.
На славеникот на увце му свиреше Џамбо со „Агушеви“, имаше голема роденденска торта со бројот 12 на неа, кој беше бројот на дресот на Перо Антиќ кога играше за нашата репрезентација, но и за другите тимови во својата плодна кариера, со исклучок на Атланта.
На забавата присуствуваа Тамара Тодевска и нејзиниот сопруг Александар, кој му е добар другар на Антиќ, па токму пејачката беше таа што ја сними и пренесе атмосферата од роденденот објавувајќи ја на Инстаграм.
Фото: Printscreen Instagram