Дамиано Давид и Дав Камерон ја крунисаа својата љубов со брак, и тоа далеку од гламурозните светски сцени на кои се навикнати. Двојката во четвртокот, 24 септември, стапи во брак во историското гратче Монталчино во Тоскана, во интимна церемонија на која присуствувале семејството и блиските пријатели.
Наместо спектакл пред илјадници гости, познатиот италијански музичар и американската актерка и пејачка избрале дискретна прослава, но токму нивната појава пред историското градско собрание привлече огромно внимание. Облечени во усогласени светли комбинации, младенците изгледаа како да излегле од модна кампања.
View this post on Instagram
БЕЗ КЛАСИЧНА ВЕНЧАНИЦА: ДАВ КАМЕРОН ИЗБРА СОСЕМА ПОИНАКОВ БРАЧЕН СТИЛ
Дав Камерон за големиот ден се одлучила за модна интерпретација на невестинскиот изглед – бел костум, кошула, вратоврска и впечатлива наметка наместо традиционален превез. Дамиано, пак, носел елегантен костум со отворена кошула и свилена марама, создавајќи стилски усогласена комбинација со својата сопруга. Италијанските медиуми известуваат дека Дав била облечена во „Valentino“, додека Дамиано носел „Cavalli“.
Парот пристигнал пред историската зграда на градското собрание со бела винтиџ „Lancia“, а Дамиано излегол од автомобилот за да ѝ ја отвори вратата на Дав, која во рацете носела букет бели кали.
По церемонијата, нивната појава пред насобраните обожаватели била проследена со аплаузи и извици, а младенците возвратиле со бакнеж.
View this post on Instagram
СВАДБА СО МАЛКУ ГОСТИ, НО СО ГОЛЕМО ВНИМАНИЕ
Според италијанската новинска агенција ANSA, на самата церемонија присуствувале околу триесетина луѓе – членови на семејството и најблиски пријатели. Ограничениот број гости бил поврзан и со капацитетот на салата во која се одржала церемонијата.
Сепак, интимниот карактер не значел дека венчавката поминала незабележано. Во Монталчино со часови се собирале обожаватели, новинари и љубопитни минувачи, а нивното појавување предизвикало вистинска еуфорија на плоштадот.
По официјалниот дел во градското собрание, прославата продолжила во Тоскана, во ексклузивен амбиент во областа Монталчино.
View this post on Instagram
ОД ПРВИТЕ ГЛАСИНИ ДО БРАЧНИ ЗАВЕТИ
Љубовната приказна на Дамиано и Дав започна да го привлекува вниманието на јавноста во 2023 година, а нивната врска официјално доби потврда во февруари 2024 година, кога заедно се појавија на црвениот тепих.
Во октомври 2025 година започнаа и гласините за свршувачка, откако Дав беше забележана со впечатлив прстен. На почетокот од јануари 2026 година таа официјално ја потврди веста, објавувајќи фотографии со Дамиано и покажувајќи го свршеничкиот прстен.
Подоцна откри дека Дамиано ја запросил во нивниот дом во октомври 2025 година, додека двајцата се подготвувале за патување. Наместо спектакуларен гест пред публика, тој избрал приватен момент, што според Дав било токму во духот на нивната врска.
View this post on Instagram
„НАЈУБАВИОТ ДЕЛ ОД МОЈОТ ЖИВОТ“
Во јануари, по потврдата на свршувачката, Дав на социјалните мрежи ја опиша својата љубов со Дамиано како еден од најубавите делови од нејзиниот живот.
Во интервјуа таа отворено зборуваше и за неговиот карактер, опишувајќи го како исклучително чувствителен и дарежлив човек.
Три години откако нивната приказна почна да се развива, Дамиано и Дав сега направија уште еден голем чекор – овојпат со „да“ во срцето на Тоскана.
View this post on Instagram
А нивната венчавка уште еднаш покажа дека за вистински впечатлив момент не се потребни илјадници гости и раскошен спектакл – понекогаш доволни се двајца луѓе, еден стар италијански автомобил и најважното „да“ во животот.
Видео: Инстаграм