Сузана Манчиќ: „Во љубовта не треба да трпиш, туку да бидеш трпелив“
Никој не треба да биде маченик
Популарната водителка Сузана Манчиќ неодамна гостуваше во популарна ТВ-емисија, во која со преостанатите гости зборуваше на темата за брачните односи и за тоа дали жената треба да се жртвува во љубовта и во бракот.
Љубовта не е жртва, но исто така, љубовта има и свои подеми и падови, како и годишните доба. Никој не треба да биде маченик во љубовта и да го жртвува сопственото битие. Најлесно е да заминеш, но мора да ги поставиш границите на сопственото трпение, значи не да трпиш туку да бидеш трпелив“, истакна Сузана Манчиќ.
Фото: Инстаграм