Сузана Манчиќ го откачи сопругот: Ма, опасна е таа!

Пукна љубовта?!

Водителката и пејачка Сузана Манчиќ (64) го откачи сопругот Симеон Оцомокос и одби да се врати кај него во Атина, пренесуваат српските медиуми. Причината е нејзиниот страв дека би можела да се зарази со коронавирусот доколку патува, па затоа одлучила да остане во Белград со своите две ќерки.

Сузи е навикната да живее на релацијата Белград-Атина, но откако состојбата со коронавирусот повторно се влоши и границите пак почнаа да се затвораат, одлучи да не ризикува и да остане во Белград. Тие двајцата беа разделени четири месеци и Сузана дури во јули отпатува кај сопругот. Но по завршување на летото се врати во Србија. Сега тој секој ден ѝ се јавува и ја моли да дојде во Атина, бидејќи не може веќе да е сам, но нејзе ѝ е страв да патува, па многу лошо се скараа“, открива извор близок на шармантната водителка.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Suzana Mancic (@suzanamancicofficial)

Кога виде колку пријатели ѝ се разболеа, одлучи да седи дома. Му кажа на Симеон дека е подоброда остане во Белград бидејќи може барем слободно да се движи за разлика од Атина, каде што постојат ограничувања на движењето помеѓу општините. Тој ја преколнуваше да дојде за да не е сам во станот, но таа не сакаше ни да слушне за тоа. Многу го изнервира нејзиното однесување бидејќи е навикнат веќе 20 години да биде покрај него и да го негува. Сепак таа не тагува, го живее животот со полни гради иубедена е дека Гркот нема да ја остави. Ма, опасна е Сузи“, завршува изворот.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.