„Супертрејд“ преку локални и меѓународни партнерства придонесува за економски и социјален раст и развој на Македонија

СВЕТОТ ВО 2023-ТА

Разговор со Владимир Стајиќ, генерален  менаџер на „Супертрејд“ (официјален носител на лиценца од Gulf Oil International Group), за Економист: Светот во 2023-та.

Во услови на голема непредвидливост, како последица на светската економска и енергетска криза, опстануваат само оние компании чиј менаџмент е подготвен на храбри и брзи одлуки.

Генералниот менаџер на компанијата „Супертрејд“, официјален носител на лиценца на светски познатиот американски бренд Gulf Oil, Владимир Стајиќ, смета дека во вакви кризни времиња може да опстанат оние кои се адаптираат на промените и продолжуваат да инвестираат во раст и развој и намалување на непродуктивни трошоци.

Со него разговаравме за предизвиците со кои е соочен нафтениот бизнис-сектор во време на најголема светска енергетска криза.

Вашата компанија на пазарот во Северна Македонија постои веќе 31 година. По пандемијата со ковид 19, се случи војната во Украина, што создаде нова состојба во општеството на економски така и на енергетски план. Како ги коментирате последните години во кои бизнис секторот е ставен пред големи предизвици?

Во последните три години, што се однесува до пазарот на нафта и нафтени деривати, имаме состојба во која се оди од една крајност во друга. Во време на светската пандемија со ковид 19, имавме преголема понуда на нафта и нафтени деривати, поради намалената потрошувачка, како последица на големите „локдауни“. Цената на нафтата и нафтените деривати падна на рекордно ниско ниво, а во светски рамки немаше слободни складишта за истата да се складира. Но за многу краток период состојбата се смени.

Со војната во Украина, работите се сменија во обратна насока. Поради руските санкции, во Европа имаме недостиг на нафта и на нафтени деривати, како и на гас, и се соочуваме со помала понуда, а потрошувачката е поголема, бидејќи сега ги нема карантините и ограничувањата на движење, како што беше во време на корона-кризата. Бизнис-секторот, се соочи со дијаметрално спротивни состојби, кои драматично ја променија цената на енергенсите на пазарот, од многу ниски до многу високи.

Во Европа, во 2021 година, Русија на годишно ниво продаваше 114 милиони тони нафта. Со санкциите од страна на ЕУ, таа количина се намалува, на крајот на 2022 година се забрани увоз на сурова нафта по морски пат, а почетокот на 2023 година се забрани увоз на руски готови производи како еуродизел, бензин итн.

Со новонастанатата состојба, Русија својата нафта ја пласира на пазарите во Индија, Кина, генерално Азија, а количините кои Кина и Индија ги купуваа од преостанатите производители членки на ОПЕК, ги ослободуваат со што се прави диверсификација на пазарот во Европа. Сето тоа не е така едноставно и во даден момент се чувствува недостиг на тие количини.

Македонија 90 % од нафтата и нафтените деривати купува од Грција, 10 % од Албанија. Во зависност од редовното снабдување на грчките рафинерии со сурова нафта, како и на трговците со готов производ, ќе зависи и снабденоста на Северна Македонија.

 Како ја завршувате 2022 година?

Развојот на настаните од почетокот на здравствената криза па наваму наметнаа екстремна економска непредвидливост и огромни предизвици. На нафтениот бизнис не му се случи криза, туку претрпе нарушувања кои сè уште траат. Токму тие нарушувања на глобалниот пазар на нафта, доведоа до значителни промени и на берзата на сурова нафта и нафтени деривати, а тоа се прелеа како на регионалниот така и на домашниот пазар.

Нафтениот бизнис, на глобално ниво, веќе трета година не може да воспостави рамнотежа меѓу понудата и побарувачката. Околностите што ги диктираат случувањата во светот, доведуваат до тоа и производителите и купувачите, многу потешко да менаџираат.

Во такви услови на голема непредвидливост, едно е јасно – опстануваат само оние компании чиј менаџмент е подготвен на храбри и брзи одлуки. Годината што изминува ја завршуваме со позитивни резултати.

И покрај, големите предизвици, во 2021 година, имавме голема инвестиција со отворање на нова бензинска станица Gulf Oil во Гевгелија. Стабилниот и функционален систем на нашата компанија за снабдување и дистрибуција со нафта, овозможи и во 2022 година да продолжиме со нови инвестиции во државата. Во тек е нова инвестиција, во уште една бензинска станица, која, исто како и бензинската станица во Гевгелија, ќе биде со технолошки најнапредна опрема и понуда на горива од најновата генерација.

Нафтата и нафтените деривати што ги нудиме на пазарот се со врвен квалитет и произведени според највисоки светски стандарди, истите подлежат на редовни и строги контроли од старана на лиценцирани меѓународни лаборатории, тоа го препознаа и многу, сега веќе, наши нови соработници од земјите во регионот.

Нашата компанија „Супертрејд“, со официјална лиценца од Gulf Oil International Group, во 2022 година ја прошири големородажната мрежа на нафта и нафтени деривати надвор од државата.  Преку воспоставување на одговорни деловни, локални и меѓународни партнерства, се стремиме нашата компанија уште повеќе да придонесе за економски и социјален раст и развој на Северна Македонија.

Со какви предизвици ќе се соочи вашата компанија во 2023 година?

Ние сме компанија која гледа кон иднината. Факт е дека престојниот период ќе биде период на напорна работа, но како и во време на пандемијата, така  и сега со тимска работа, добра стратегија, успеваме комплетно да се адаптираме на новонастанатата состојба. Низ годините, „Супертрејд“ од локален играч на нафтениот пазар успеа да го донесе во Македонија познатиот американски бренд за нафта и нафтени деривати Gulf Oil, кој е присутен во повеќе од 100 земји на сите континенти.

Воспоставувајќи одговорни деловни партнерства на локално и регионално ниво, „Супертрејд“ стана трета по големина од сите нафтени компании во државата, втора по големина со трговија на големо на нафта и нафтени деривати и втора по извоз веднаш по компанијата ОКТА.

Без разлика на новонастанатата ситуација и неизвесноста на меѓународен план, продолжуваме со континуирано и сигурно снабдување и дистрибуција на нафтени деривати, до компании и други стопански субјекти. Исто така, нашите бензински Gulf Оil во државата, продолжуваат со редовно и неограничено снабдување на граѓаните и коминтентите со гориво.

Како одговорна компанија, која се грижи за здравјето на луѓето и заштита на природата, нашата компанија фокусот го става на зелените политики. Gulf Oil веќе има развиено повеќе „зелени“ производи, кои не ја загадуваат животната средина. Производите што ги нудиме се со квалитет усогласен со европските директиви и норми. Нашите горива ги подобруваат перформансите на возилата и обезбедуваат полесна работа на моторот.

Наша движечка сила се професионалноста и квалитетот што ги нудиме. Во едно сме сигурни, а тоа е дека нашите клиенти, без разлика дали се домашни или од странство, го препознаваат квалитетот на горивата и на дериватите што ги нудиме. „Супертрејд“ е почитуван и посакуван партнер, познат по извонредноста на производите и услугите, и без разлика на предизвиците, така ќе продолжиме и во иднина.

Текст: Економист: Светот во 2023-та

 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.