Стјуардеси на „Алиталија“ се соблекоа во знак на протест

Италијанската авиокомпанија „Алиталија“ замина во историјата, а тоа значи и губење на стотици работни места.
Околу 50 стјуардеси на компанијата одлучија во знак на протест да ги соблечат униформите и тоа го сторија во центарот на Рим, на плоштадот „Кампидољо“.
Тие се посебно револтирани поради понижувачките услови во кои нивните колеги се вработуваат во новата компанија „ИТА Ервејс“, која практично ја презеде старата компанија  која со години беше во финансиски проблеми.
Помалку од 3.000 од вкупно 10.000 вработени во „Алиталија“ треба да бидат преземени во новата авиокомпанија, но под драстично полоши услови.

Последниот лет на „Алиталија“ се случи на 14 октомври, а авионите на ИТА почнаа да летаат само ден потоа.

Стјуардесите стоеја во редови на римскиот плоштад, фрлајќи ги торбите, потоа синхронизирано ги соблекоа сакоата, здолништата и високите потпетици.

Околу 50 поранешни стјуардеси стоеја во редови на римскиот плоштад, прво ги фрлија торбите на калдрмата, потоа полека и синхронизирано, ги соблекоа палтата, униформите, здолништата, и високите потпетици.

На 15 октомври ни ја зедоа кожата. Ако ни ја земат униформата, значи дека ни зеле сѐ. За нас униформата е нешто што нѐ претставува во светот и секогаш сме ја носеле со гордост. Овде сме за да ја изразиме својата болка и солидарност со колегите кои беа принудени од страна на ИТА да потпишат понижувачки договори“, велат од синдикатот на стјуардесите.

Видеото од протестот го обиколи светот, а можете да го видите во продолжение:

Видео: Youtube

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.