Јутјуберот ја сподели среќната вест на социјалните мрежи и откри дека со Марта добија син.
Стефан Лазаров има голема причина за славење – стана татко. Македонскиот јутјубер ја сподели среќната вест со своите следбеници, откривајќи дека во неговото семејство пристигна нов член.
Со емотивна порака, Стефан ѝ се заблагодари на Марта за, како што напиша, најубавиот подарок што еден маж може да го добие.
Денес добивме син… Марта, ти благодарам за најубавиот подарок што може еден маж да го добие“, напиша Лазаров, додавајќи срце и емотикон кој ја доловува неговата емоција.
А името на новиот член на семејството веќе е познато. Стефан и Марта станаа родители на Лука Лазаров.
Со кратката објава јутјуберот ја сподели радоста со јавноста, а за семејството Лазаров ова несомнено е еден од најзначајните денови.
Screenshot FB