Старлетата лажела дека е милијардерка: Сега ѝ се заканува затворска казна!

„Форбс“ ја тргнал Кајли Џенер од листата на милијардери

Фото: Getty Images

Адвокатите тврдат дека ѕвездата од реалното шоу ќе одговара пред Министерството за правда

Кајли Џенер е отстранета од Форбсовата листа на милијардери во петокот, откако пристигнале шокантни информации дека таа со години го „преувеличувала успехот на својата работа“.

„Крис и Кајли се плашат дека ова ќе му наштети на нивниот бренд, а уште полошо, можно е да имаат проблеми со законот“, открил извор за медиумите.

Изворот, исто така, тврди дека Кајли и Крис се плашат од правни последици, како и од нарушување на угледот на семејството.

„Се претпоставува дека Комисијата за размена на хартии од вредност ќе започне таканаречена неформална истрага, а потоа можеби ќе ја префрли во формална истрага, па ќе им врачат судска покана“, рекол Јан Ханџлик, главен адвокат за финансиски измами.

По повод наводите дека лажирала информации за нејзината финансиска состојба, Кајли се огласила на Интернет:

„Зошто воопшто се трудам. Мислев дека ова е угледен веб-сајт (се мисли на „Фобрс“), а сѐ што гледам се неточни изјави и непроверени претпоставки. Никогаш не сум барала титули, ниту сум се обидувала да го лажирам својот пат до врвот. Точка.“

Адвокатот тврди дека им се заканува сериозна казна.

„Бизнис инсајдер“ открива колку е навистина богатата Кајли Џенер
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.