STAND UP AND DANCE: Незаборавна вечер на смеа, танцување и дружење!

#UIZPARTY

„Ни недостасуваше вакво нешто“, беше најчестиот коментар што можеше да се слушне на настанот во организација на компанијата што го издава највлијателниот магазин за жени „Убавина и здравје“.

На залезот на летото, на 7 септември се одржа U&Z-настан за паметење!

Имено, по тешкиот период на привикнување на „новото нормално“, она што очигледно најмногу ни недостасуваше на повеќето од нас е дружењето.

Тоа воедно беше и најчестиот коментар на гостите што присуствуваа на настанот Stand Up & Dance Night во организација на „Колор медиа плус“, компанијата издавач на „Убавина и здравје“, „Добра храна“, „Руски доктор“ и организатор на голем број настани и конференции, меѓу кои и „Профемина“, кој се одржа на 7 септември во Social Garden, на покривот на ГТЦ.

Вечерта ја отвори Јована Стојменовиќ, уредничката на магазинот „Убавина и здравје“, која ги поздрави присутните и ги покани да ја посетат „зоната на искуства“, каде што имаа можност да ги испробаат мирисите на Versace и Paco Rabanne и производите на Essence и Neutrogena.

Луксузната продавница на скапоцениот италијански накит Sigma Jewerly исто така беше дел од поддржувачите на настанот.

Прекрасното доживување на гостите го надополнија освежителните пијалаци на Sax London Dry Gin, Skovin Winery, Пивара-Скопје и Ladna, како и вкусните закуски на Vemilk, Wienna и Taze.

Потоа, микрофонот го презеде мајсторот за стендап-комедија Марјан Ѓорѓиески, кој ги насмеа гостите до солзи со својот урнебесен настап.

За загревање на атмосферата задолжени беа танчарите Сања Матеева и Димитар Мишев од танцовиот и фитнес клуб „Сонриса“, кои покажаа како се танцува салса и бачата, а потоа и некои од присутните им се придружија на подиумот и заиграа во ритамот на латино-музиката.

DJ Boogieman со својот одличен музички репертоар продолжи да го одржува расположението на ниво до самиот крај на забавата, која никој не сакаше да заврши.

Прекрасен амбиент со уште попрекрасни гости, меѓу кои беа Лила Филиповска, Александар Блажевски, Марко Новески, Маја Глигоровска и уште многу други познати личности, инфлуенсери и луѓе од јавната сфера, кои со својата позитивна енергија ја комплетираа оваа незаборавна вечер.

Притоа, настанот целосно се придржуваше до мерките за спречување на ширење на коронавирусот, со задолжително барање потврда за вакцинација на влезот, како и со почитување на протоколот за исполнување на 50% од капацитетот на просторот.

Целосните впечатоци од забавата за паметење можете да ги побарате на:

Facebook: @ubavinaizdravje.mk 

Instagram: ubavinaizdravje.mk

Во продолжение ви пренесуваме дел од атмосферата низ фотографии…

Повеќе фотографии може да погледнете на следната страница…

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.