„Среќа што останав жив“: Ештон Качер ја изгубил способноста да гледа, слуша и оди!

Животот на познатите

По долго криење од широката јавност, холивудскиот актер одлучи да ја сподели тежината која ја носел пред неколку години.

Ештон Качер (44) глумеше во познати остварувања како „Вегас за двајца“, „Без обврски“, „Сезона на лов“, „Штотуку венчани“, „Два ипол мажи“ и многу други. Тој има импресивна кариера како холивудски актер, но неговиот живот е далеку од идеален.

Актерот откри дека се бори со васкулитис, ретко автоимуно нарушување, поради кое привремено не може да оди, гледа и слуша.

 „Пред две години, ја имав оваа чудна, многу ретка форма на васкулитис што ми го уништи видот, ми го поремети слухот, ми ја уништи рамнотежата“, изјави Качер во шоуто “Running Wild with Bear Grylls: The Challenge“.

Тој објасни дека била потребна околу една година за да се повратат изгубените сетила.

Васкулитисот е многу ретко автоимуно нарушување кое може да предизвика воспаление на крвните садови, што резултира со ограничен проток на крв. Постојат многу видови на васкулитис, но повеќето влијаат барем на еден орган.

„Не ги цените работите додека не ги снема“, изјави актерот, па потоа додаде:

„Во моментот кога ќе почнете да ги гледате вашите препреки како работи што се направени за вас, да ви го дадат она што ви треба, тогаш животот почнува да станува забавен, нели?“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ashton Kutcher (@aplusk)

Тој успеа да го поврати здравјето, но во исто време го промени и погледот на животот:

„Почнувате да сурфате над вашите проблеми наместо да живеете под нив“, објасни тој за тоа како сега гледа на тогашната состојба.

Неговата сопруга Мила Кунис и тој досега не зборувале за овој тежок период, па многумина се изненадија кога слушнаа низ што поминувал холивудскиот актер.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.