Сопругот на популарната актерка ѝ ја заби главата во тортата (ВИДЕО)

Необична традиција

Популарната актерка Салма Хаек го прослави 53-от роденден и по тој повод на својот инстаграм-профил сподели видео во кое главната улога ја има нејзиниот 57-годишен сопруг Франсоа Хенри Пинолзт.

Во објавата се гледа Салма, кокако седи покрај масата, а пред неа се наоѓа роденденската торта, додека пријателите и роднините извикуваат „тортида“ во заднината.

Во еден миг, сопругот и’ ја турка главата во тортата, по што ја бакнува.

Во описот на објавата, актерката порача:

Го сакам овој мексикански обичај, но најдобар дел е бакнежот. Ти благодарам, љубов моја, најдобар си“.

Видео: Инстаграм

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.